Голманот Јонут Раду е најголемиот трагичар од сите фудбалери кои настапуваат во моментов во Серија А. Некогашниот голман на Интер лани се “прослави“ со потегот на деценија со кој ги остави „неро-аѕурите“ без титулата. Но ова не е крај, викендов уште во 1.коло во Серија А го остави својот нов клуб Кремонезе без бод и тоа откако си даде автогол во 95.минута.
Навистина страшно, што ли му се случува на романскиот репрезентативен голман кој веќе неколку сезони е во елитната лига во Италија.
Имено се играше 95.минута на мечот со Фиорентина на гости при резултат 2:2. И тогап кога сите мислеа дека таа балон – топка ќе биде лесен плен за Раду, тој сам си ја вметна во својата мрежа.
Каков глупав потег во своето деби.
Сепак и покрај се, од таборот на Кремонезе му ја даваат сета поддршка на својот нов голман , само прашање е до кога.