Борусија Дортмунд продолжи со импресивната серија оваа година и во ЛШ каде го совлада лондонски Челзи со 1-0.
„Милионерите“ од Дортмунд цврсто газат во првенството и Купот на Германија а вчера триумфираа против скапо платените звезди на Челзи. Борусија со минималната победа обезбеди солиднаа позиција пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“.
Херој на бундеслигашот беше младиот Карим Адејеми кој во вториот гол даде супер атрактивен гол. Тој тргна од својата половина, го претрча целиот терен и притоа ги претрча Фернандез и Аризабалага пред да ја смести топката на вистинското место.
Карим за ова доби комплименти одо сите страни, па така соиграчот Џуд Белингем изјави:
-Тој е исклучително брз. Ние сме толку сигурни кога ќе ја добие топката во ситуација еден на еден. Малкумина играчи на светот можат да го спречат, -истакна англискиот репрезентативец.