Најпрво беше објавено дека фудбалерот на турскиот Хатајспор, Кристијан Атсу, е извлечен жив од урнатините по земјотресот, но потоа дојде демант на таа вест.
Поранешниот репрезентативец на Гана беше затрупан во урнатините по земјотресот, а португалски „А Бола“ објави дека е пренесен во болница поради проблеми со дишењето и нозете.
Сепак, на таа вест реагираше менаџерот на Хатајспор, Мустафа Озат, кој посочи дека информациите за пронаоѓање на Атсу се лажни.
„Кристијан Атсу и нашиот спортски директор Танер Савут за жал се уште се под урнатините. Португалските медиуми објавија вест за Кристијан Атсу дека е пронајден, но не можеме да дојдеме до него. Не можеме да стигнеме до никого. Не можеме да стигнеме до областа. најтешко е да се стигне таму.Ако се пробиеме сигурно светот ќе биде наш.Чекаме помош.На сите им треба помош во зоната на земјотресот,но има голема потреба да се помогне во Хатај.Нема место каде што се испорачуваат ќебиња , нема место каде се испорачува супа,нема ништо. Колку време помина од земјотресот?“, рече тој.
Атсу оваа сезона пристигна во Хатајспор, а на три натпревари постигна еден гол.
Тој беше купен во Челзи од португалскиот Рио Аве во 2013 година, но поголемиот дел од времето го помина на позајмица во Њукасл и Евертон. Играше и за Борнмут и Малага, а во Турција е од јули минатата година.
За репрезентацијата на Гана забележа 65 настапи и постигна девет гола. Последниот настап за националниот тим го имаше пред три години.
Во земјотресот што ја погоди Турција, повеќе од 2.700 луѓе загинаа, а илјадници беа повредени, додека по многу други се уште се трага.