Познато е името на уште еден патник на Мундијалот во Катар . Бразил е новата селекција која обезбеди пласман на Мундијалот.

Следната година ќе се игра 21. натпреварување за светски првак, а Бразилците по 21. пат ќе бидат во трка за највредниот трофеј благодарение на победата над Колумбија.

Бразил ја совлада Колумбија со 1:0 во ноќта меѓу четвртокот и петокот со голот на Лукас Пакета, со што е првиот тим во Јужна Америка кој го „резервира“ своето место во Катар следната година.

Петкратниот светски првак ги совлада Колумбијците по убава акција која резултираше со удар на Пакета во долниот агол од голот на гостите.

Бразил на тој начин стигна до 11. победа во 12. коло, па пласман на Мундијалот обезбеди со 34 бода, иако до крајот на квалификациите има уште шест натпревари.

Еден од деталите кои исто така го одбележаа натпреварот беше потегот на Нејмар, кога на почетокот на натпреварот жестоко протестираше до главниот судија, дури имаше и физички контакт со него, но првата ѕвезда на „Селесао“ не доби јавна опомена.

Во јужноамериканските квалификации каде првите четири места водат директно во Катар, а петтопласираната ќе игра бараж.

https://www.youtube.com/watch?v=p_N3iVAszq4