Шпанскиот шампион Барселона на турнејата по САД резултатски мина одлично против лутиот ривал Реал Мадрид, победи со 3-0, а тренерот Чави Ернандес имаше многу причини и за задоволство, но и за загриженост.
Задоволен е од постигнатиот резултат за кој смета дека е нереален според случувањата на теренот, но лоша вест за него се повредите на Гундоган и Кристенсен кои беа заменети уште во првото полувреме.
Чави е најсреќен што доби играч кој може да му служи во иднина, тоа е младиот Фермин Лопез, кој влезе во второто полувреме и постигна убав гол на синоќешното Ел Класико. Момчето со дрес со бројот 29, му се претстави на светот на најдобар можен начин.
„Го живеам сонот, секогаш навивав за Барселона. Топката ја шутнав со душа и за среќа влезе во гол“ – беше првиот коментар на Фермин после натпреварот.
Тој не е Каталонец, туку од Андалузија. Во Барселона дојде во 2016 година како 13-годишен од тимот на Бетис, и добар пријател е со Гави кој од лани е стандарден во првиот им на Барса.
Чави рече дека Фермин е еден од ретките млади играчи во Барса кои имаат силен шут, голот го постигна со лева нога, а во судиското продолжение имаше асистенција со десната, покажувајќи дека е комплетен играч.
Ова се најдобрите моменти и голот на Фермин на дуелот против Реал: