Како се приближува стартот на денешниот меч за третото место на Мундијалот во Катар, така зоврива атмосферата меѓу навивачите на Хрватска, која во „малото“ финале ќе ги одмери силите со Мароко (16 часот).
„Коцкестите“ веќе ја почнаа својата фешта по улиците на Доха, а главна атракција е нивното огромно знаме долго неверојатни 200 метри, чие дефиле е пропратено со навивачки песни.
Ова ќе биде втор дуел помеѓу Хрватска и Мароко на СП 2022, а интересно двете селекции со меѓусебен дуел го отворија шампионатот. Тогаш резултатот беше 0-0.