Аргентина е еден од фаворитите за освојување на Мундијалот во Катар, а за Лионел Меси тоа ќе биде последна шанса да го освои трофејот кој му недостига во кариерата, но сепак ѕвездата на ПСЖ има проблеми со повреда пред првиот меч.

Меси би можел да го пропушти дуелот против Саудиска Арабија затоа што десната нога на аргентинскиот волшебник изгледа ужасно, откако доби сериозен удар пред неколку дена.

Во групата на Аргентина и С. Арабија се наоѓаат уште и Мексико и Полска.