Двете репрезентации имаа по неколку шанси во првото полувреме, но само еден удар заврши во рамките на голот на Холандија, додека напаѓачите на Сенегал во вториот дел тргнаа со сите сили по гол, но налетаа на расположениот Ноперт.
Играта на Сенегал беше течна и без мака фудбалерите стигнуваа до голот на Холандија, а прва посериозна шанса имаше Булаје Диа кој испрати силен удар во долниот десен агол од голот, но истиот беше запрен од Ноперт.
По неколку минути Сенегал доживеа вистински шок откако се повреди Идриза Геј, а во 84. минута Гакпо искористи одличен центаршут на Френки Де Јонг за да ја затресе мрежата на Сенегал (1-0).
Папе Геј имаше шанса да го врати Сенегал во игра, но ниту тој не најде решение за одличниот голман на Холандија кој запиша уште една интервенција, по што победата за Холанѓаните ја потврди Дејви Класен во судиското продолжение.