Аталанта прва дојде до водство со голот на Матео Ретеги во 26. минута, сепак радоста за гостите не траеше долго. Само пет минути подоцна Иван Илиќ го изедначи резултатот. Голот вреден три бода за Торино го постигна Че Адамс во 49. минута од натпреварот.
Аталанта имаше шанса да освои бод но пеналот на Пашалиќ во 96 минута успеа да го одбрани домашниот голман Вања Милинковиќ Савиќ.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Фиорентина и Венеција ремизираа без голови 0:0.