Македонскиот првак Шкупи е поблиску до елиминација во Конференциската лига откако денеска беше поразен на домашен терен во Скопје од Балкани во првиот натпревар во плеј-офот во Конференциската Лига. Косовскиот претставник славеше со 2-1 и се доближи до историски пласман во групната фаза на едно европско натпреварување.
После првото полувреме резултатот беше израмнет 1-1. Шкупи имаше 2-3 зрели шанси, додека Балкани од единствената прилика во првите 45. минути постигна гол. Адетунџи во 19. минута стрелаше прецизно во голот, откако нафрлената топка од Алварез со глава ја смести во мрежата на Балкани. Сепак, во 22. минута Рахмани го израдува косовскиот тим. Нафрлена топка од левата страна, и напаѓачот на Балкани од непосредна близина со нога го совлада Наумовски.
До крајот на мечот Шкупи беше подобар и имаше две добри шанси да избегне пораз, а им беше поништен и гол на Адетунџи. Во судиското надополнување Цефас имаше одлична шанса, меѓутоа од само 3-4 метри со глава го префрли голот, што беше последната прилика на Шкупи да се спаси од пораз.