Иако сериозно ослабен со заминувањето на голгетерот Хари Кејн во Баерн, Тотенхем ја оствари и втората победа оваа сезона во Премиер – лигата откако го совлада Борнмут на гости со 0-2.
Џек Медисон донесе водство во 17.минута, а триумфот го потврди Дејан Кулушевски со погодокот во 62.минута од мечот.