Дресот на легендарниот Диего Марадона, во кој настапи во четвртфиналето од СП 1986 година, ќе се најде на аукција две години по неговата смрт.
Марадона на тој натпревар против Англија постигна два гола, од кои еден беше оној познат гол кој подоцна беше крстен со псевдонимот „божјата рака“, а на тој натпревар неговата репрезентација славеше со 2:1.
Повеќе од 35 години овој дрес со бројот 10 беше во сопственост на англискиот фудбалер Стив Хоџ, кој го замени дресот по натпреварот со Аргентинецот.
Тој натпревар се смета за еден од најконтроверзните во поновата историја на фудбалот, а Хоџ дресот го остави на националниот фудбалски музеј во Манќестер.
Аукциската куќа „Сотби“, ќе го изложи дресот во своите простории во Лондон, а аукцијата ќе трае од 20 април до 4. мај. Почетната цена ќе биде 4 милиони фунти, или скоро 5 милиони евра.
Веројатно рекордот ќе биде срушен и ќе оди далеку над 6 милиони евра, сума која беше платена за дрес на бејзбол играчот Бејб Рут во 2019 година.