Легендата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ, влезе во историјата на светскиот фудбал како прв играч кој во три различни декади настапил на Европско и Светско првенство, но големото остварување не го зачини со стартна победа на Мундијалот во Катар.
Селекциите на Хрватска и на Мароко одиграа нерешено без голови во првиот меч од денешната програма на СП, во дуел со голема борба, но без многу шанси. Најдобрата шанса ја имаше Влашиќ во финишот на првиот дел, но Боно го одбрани неговиот удар од пет метри. Во следниот напад Хрватска одново се закани, но Модриќ биеше над голот од врвот на шеснаесетникот. Во продолжението од натпреварот, најблиску до гол беше Хакими, кој убаво биеше од слободен удар, но Ливаковиќ не дозволи да биде совладан. Најинтересните моменти погледнете ги ТУКА.
Подоцна Германија ќе ги одмери силите со Јапонија (14 часот), Шпанија со Костарија (17 часот) и Белгија со Канада (20 часот).