Манчестер Сити го победи Манчестер Јунајтед со 4-1 во дербито од 28. коло на Премиер лигата. Сити со оваа победа оствари шест бода предност пред второпласираниот Ливерпул, но со натпревар повеќе. Сити поведе уште во петтата минута со голот на Кевин Де Брујне на асистенција на Бернардо Силва. Јунајтед возврати во 22. минута со голот на Џејдон Санчо на асистенција на Пол Погба.

Сепак, Сити повторно води во 28. минута, а повторно стрелец е одличниот белгиски играч за врска Де Брујне. Победата на Сити ја потврди Ријад Махрез во 68. минута. Нему му асистираше херојот на денешниот натпревар Де Брујне. Четвртиот гол го постигна Махрез во 92. минута, а му асистираше Илкај Гундоган.

Во следното коло Сити му гостува на Кристал Палас, а Јунајтед на Тотенхем.