Јувентус оствари минимална победа (1-0) над Специја на домашен терен. Тимот на Масимилијано Алегри се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 53 бода, шест повеќе од Рома.

Стрелец на победничкиот гол беше Алваро Мората во 21.минута од дуелот. Во вториот дел, Војчех Шчешни беше најдобриот играч на „старата дама“, успеа да одбрани два зицери и ја сочува минималната победа на Јуве.

Standings provided by SofaScore LiveScore