“Бугари јунаци“, “Браво момци, така се брани Бугарија“, “Домашните фанови со свирежи на нашата химна“, “Браво, вие го добивте најважниот натпревар – за бугарското достоинство“, се само дел од насловите во медиумите кај нашиот источен сосед.
Бугарија е во невидена екстаза по победата над Македонија, еуфорија кај сите како да станале светски шампиони.
Посебно се истакна контроверзниот шоумен или политичар Слави Трифонов, кој напиша на социјалните мрежи дека ова бил најважниот меч за бугарското достоинство.
По свирежите на химната пред мечот, се јави и поранешниот премиер Бојко Борисов, кој истакна дека е запрепастен од однесувањето на македонските фанови. Од стручниот штаб немаше реакција на оваа тема, селекторот Крстајиќ говореше за спортскиот дел. Играчите пак напоменаа дека свирежите на химната им биле само дополнителен мотив да победат.
Треба да се напомене дека во бугарската соблекувална по мечот навистина беше еуфорично.