Енис Барди и официјално стави крај на својата врска со Леванте и сепак направи трансфер ова лето, бидејќи денеска се очекува да пристигне во Турција за да ги мине медицинските прегледи со фудбалскиот шампион во оваа земја.
Клупскиот новинар на Трабзонспор, Хасан Тунџел открива како течеле преговорите со Македонецот и надополнува дека Леванте сумата од 3 милиони евра ќе ја добие на три рати.
– За Енис Барди, на Леванте ќе му бидат исплатени 3 милиони евра на три рати. Платата на играчот се очекува да биде еден милион евра. Олимпијакос имаше понуда за него од 5 милиони евра на почетокот на трансфер периодот, но факторот Лига на шампионите и тоа што е Македонец кој е близок до турската култура беа најважни фактори за реализирање на трансферот.
– Името на Барди беше на агендата на Трабзонспорт уште од минатата сезона, но тогаш неговата трансфер цена изнесуваше 10 милиони евра. Пред 10 дена повторно беше преземна акција за Барди и таа вроди со плод, – открива Тунџел.