Екипата на Ливерпул оствари важна победа (1-2) над Кристал Палас на гости среде Лондон и се искачи на врвот на табелата во Премиер – лигата. Тимот на Јирген Клоп имаше негатива, но по исклучувањето на домашниот фудбалер Џордан Ају во 75.минута, во финишот направи целосен пресврт и стигна до трите бода.

Матета од пенал донесе водство за Кристал Палас во 57.минута. Израмни египетската звезда Мохамед Салах во 76.минута, а победничкиот гол го постигна Харви Елиот во 91.минута од дуелот.