Португалската легенда, Кристијано Роналдо во Ријад го одигра својот 1.200-ти официјален натпревар во кариерата, беше мотивиран да постигне гол, и успеа во тоа.
На славниот Португалец му требаа 33 минути за да му донесе водство на Ал Наср против Ал Ријад од 1-0. Асистент беше Садио Мане.
Најпрво во скок ја затресе мрежата со ѓонот од копачката и на атрактивен начин постигна погодок, а потоа и асистираше за голот кој го постигна Отавио.
Роналдо сезонава постигна 19 голови и 10 асистенции на вкупно 21 натпревар и е вистински предводник на својот тим во трката да го симне од врвот Ал-Хилал, кој има седум бодови предност. Со голот на мечот против Ал-Ријад, португалската супер-ѕвезда се доближи на само три гола од јубилејниот 900. погодок во професионалната кариера, а овој рекорд се очекува да го постигне во некој од следните натпревари.