Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше херојот кој ѝ пресуди на Италија во Палермо (1-0), по што се врати во Македонија каде што доби дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи (МНР).
Трајковски во изјава за „ТВ21“ кажа дека уште ништо не е готово и се заблагодари за поддршката, по што порача дека во Португалија ќе се обидат да покажат дека можат многу повеќе.
„Многу сме благодарни што добивме дипломатски пасоши. Убаво е кога некој ќе ве почести со такво признание. Убаво е кога ќе ве пречекаат на плоштад, но сè уште не сме направиле ништо. Ова е поддршка за следниот меч за да го покажеме истото што се случи и против Италија. Одиме во Португалија за да покажеме дека можеме многу повеќе“, вели Трајковски.