Србите постигнаа гол за водство преку Вељковиќ во 17. минута, но Бугарите направија целосен пресврт преку Русев и Десподов (1-2). Сепак, Бабиќ беше човекот кој обезбеди реми за домаќините во 82. минута.
Црна Гора мораше да победи против Унгарија и да чека кикс на Србија, но не го исполни ниту првиот услов, иако тргна со гол на Рубежиќ во 36. минута.
Шобослаи ги шокира црногорците двапати за две минути на средината на вториот дел (2-1), а победата Унгарија ја обезбеди во 93. минута (3-1).
Унгарија е прва во групата со 18 бодови, по што следи Србија со 14, Црна Гора заврши трета со 11, Литванија има шест, а Бугарија само четири бода.
Натпреварот во Лесковац беше тежок за домаќинот. Иако Србија важеше за апсолутен фаворит, се препоти за местото на континенталниот собир. На Европско првенство се пласира и Унгарија како првопласирана во групата.