Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои завршниот АТП турнир, вечерва во финалето во Торино со 2-0 во сетови го победи Италијанецот, Јаник Синер.
Ѓоковиќ слави уште еден голем трофеј во кариерата, српскиот тениски ас одигра феноменален меч против Синер од кого загуби во групната фаза од завршниот турниро во Торино.
Најдобриот тенисер во светот играше долги пресметки во групата, но полуфиналето и финалето ги доби со по два сета.
Вечерва првиот сет против Синер го доби со 6-3 со еден освоен брејк, во вториот славеше со идентични 6-3, но со два освоени брејка.
За Ѓоковиќ ова беше седми трофеј од завршните турнири во кариерата.