Напаѓачот на Рома, белгискиот голгетер Ромелу Лукаку имаше фантастична партија за белгиската репрезентација, за 20 минути во првото полувреме против Азербејџан постигна четири голови.
Ромелу Лукаку приреди 20-минутно шоу на дуелот меѓу Белгија и Азербејџан. Од 17. до 37. минута тој постигна четири голови.
Белгискиот напаѓач дојде до својот 83. гол во репрезентацијата на Белгија. Има само еден помалку од легендарниот Ференц Пушкаш.
Прашање на време е кога ќе го надмине унгарскиот ас Пушкаш, а потоа само Роналдо ќе остане пред него како европски фудбалер со најмногу голови за репрезентација.