Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски денеска го постигна дебитантскиот гол за Газијантеп а воедно и во турската Суперлига.
Нашиот фудбалер погоди во 41.минута за да му донесе на својот тим водство од 1-0 против Ризеспор.
За Станковски ова беше прв стартен настап во почетниот тим оваа полусезона по трансферот од Работнички во јануари, а вкупно четврти натпревар.