Во анкетата учествувале повеќе од 2.300 навивачи, а Адеми ја добил титулата за најдобар играч во вториот дел од сезоната со 32 отсто од гласовите на навивачите, додека веднаш зад него завршил Мислав Оршиќ со 31,5 отсто од гласовите, додека трет бил Јосип Шутало со само 7,1 отсто.
„Чест ми е да примам ваква награда. Во вториот дел од сезоната игравме одлично, но имавме и мала криза, но сепак на крајот покажавме карактер и ја заслуживме шампионската титула. Исто така, остваривме добар резултат и во Лига Европа“, кажа Адеми.