Српски Курир пренесува детали од доделувањето на наградата за МВП на регуларниот дел од НБА Лигата на српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ.
Новинарот Мајк Сингер, кој ги следи Денвер Нагетс, ексклузивно откри што се случило за време на доделувањето на наградата за МВП на НБА на суперѕвездата Никола Јокиќ во шталата во Сомбор.
Тренерот на Денвер Мелоун, го наредил на Тим Конели, оперативен директор на Денвер изјави дека мора да се качи во авион и да одат во Србија бидејќи нема толку важен човек за Нагетс како што е Јокиќ и дека мора да оди во Сомбор за да му го врачат трофејот.
Тим Конели мислеше дека е најдобро да стигне до неговата штала за коњи и таму да му ја предаде наградата за МВП. Трофејот го ставиле во торба за никој да не види што носат. Му помогнале браќата на Никола, Немања и Страхиња, бидејќи тие организирале се.
Конечно стигнаа до шталата која е во сопственост на семејството Јокиќ, а таткото на Никола, Бранислав е главен организатор на натпреварите на хиподромот во Сомбор. Кога го видел Никола изненадувањето настанала еуфорија.
После забавата, Јокиќ требало да направи интервју за телевизијата ТНТ, но бил малку пијан, па наводно рекол:
„Брате, пијан сум, не можам да направам интервју во моментов“.
На крајот сепак интервју имало и било токму во шталата.