Турскиот тим беше апсолутно подобар во целиот тек од мечот и заслужено славеше, вторпат сезонава во дуелите со европскиот шампион. Реал само повремено блескаше, но изгледаше дека ги чува силите за финишот од сезоната имајќи предвид дека освојувањето на првото место по основниот дел од сезоната е само формалност која треба многу скоро да биде потврдена.
Петмина кошаркари во составот на Фенербахче постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Најџел Хејс Дејвис со 17. Исто толку имаше и Серхио Љуљ во поразениот тим.
Со оваа победа, Фенербахче го искористи поразот на Виртус и се искачи на шестото место во Евролигата, последно кое води директно во плејофот. Сепак, до крајот има да се одиграат уште шест кола.