НБА лигата повторно направи „шок“ со менување на правилата за да се подигне играта на повисоко ниво.

Минатото лето беа воведени правила чија цел е малку да ги заштитат одбранбените играчи, па на удар се најдоа шутерите.

Промената на правилата првенствено се одрази на играта на Стеф Кари, Лука Дончиќ и Џејмс Харден.

 

Харден има просек од 17,3 поени на првите четири натпревари оваа сезона со 8,3 асистенции и 7 скока

Сите тројца шутираа слободни фрлања многу поретко отколку во претходните сезони, а особено „настрада“  Харден.

„Брадата“ од почетокот на сезоната се жали на критериумите за судење, бидејќи судиите се помалку му досудуваат пенали, а се почесто му судат фаули во напад.

Така на првите четири натпревари од оваа сезона шутираше само 11 слободни фрлања, додека на пример на првите четири лани имаше дури 48 „пенали“!

Двојниот МВП падна од просечните 7,7 слободни фрлања во сезоната 2019/2020 на 2,75 оваа сезона.

„Фаул е фаул, но чувствувам дека кога јас играм, се е веќе предодредено и постои стигма. Само сакам судиите да досудат фаул кога ќе го видат. Ако е фаул, тогаш е фаул“, вели Харден.

Во негова одбрана застана и тренерот на Бруклин Нетс, Стив Неш.

„Мислам дека не е фер да се користи како пример за вакви одлуки. Некои потези се сепак фаули“, рече Неш.

Новите правила веќе го намалија бројот на слободни фрлања оваа сезона.

Лани просекот во натпревари беше 21,7, а на почетокот на тековната година беше 19,5.