Голден Стејт Вориорс поведе со 3-0 во серијата против Денвер Нагетс победувајќи ги во третиот натпревар во Денвер со 118-113. Денвер поведе со кошот на Никола Јокиќ 111: 109 на 3:20 минути пред крајот, но потоа се продолжи со промашувања, додека Ендрју Вигинс со тројка ги доведе гостите во водство, а Џордан Пул зголеми на 114: 111 по скок во напад, а Стивен Кари со пробивање на 116: 111 на 40 секунди до крајот на дуелот.
Денвер имаше уште една шанса да се врати во игра – на 40 секунди до крајот Никола Јокиќ тргна со грб против Дрејмонд Грин, но играчот на Вориорс успеа да му ја тргне топката од раце и со тоа да ја осигура победата на својот тим. Јокиќ одигра фантастичен натпревар. Тој постигна 37 поени со 18 скока, пет асистенции и три украдени топки.
Ниту еден тим во историјата на НБА не добил плејоф серија по поразот со 3-0, па шансите Денвер да помине се минимални. Јокиќ е на прагот да постави негативен рекорд. Доколку Голден Стејт победи на следниот натпревар, Јокиќ ќе стане првиот МВП кој загубил со 4-0 во првото коло од плеј-офот.