Поранешниот помошник селектор на сениорската репрезентација на Србија и актуелен селектор на српската репрезентација за играчи до 20 години, поранешен тренер на Цибона и ФМП , Влада Јовановиќ е новиот тренер на кошаркарите на Црвена звезда, потврдија од клубот.

Тој денеска потпиша тригодишен договор со Црвена звезда.

„Јовановиќ првите тренерски чекори како тренер на помладите селекции на Црвена звезда ги направи во 2012 година, а во текот на три сезони во првата работа како сениорски тренер на ФМП (2017-2020) беше едно од големите изненадувања на AdmiralBet ABA. лига.

После тоа, со многу младата екипа на Цибона, како прв српски тренер во Хрватска во последните 30 години, постигна забележителни резултати и промовираше неколку талентирани млади играчи на тој клуб.

Во текот на 2019 година беше промовиран во еден од помошните тренери на А репрезентацијата на Србија под водство на Игор Кокошков, а моментално е селектор на репрезентацијата за играчи до 20 години. На таа функција е од декември минатата година.

Влада Јовановиќ е тренер кој доаѓа од клупскиот систем, во претходниот период се докажа како многу одговорен тренер, а именувањето за прв тренер на КК Црвена звезда е следниот чекор и предизвик каде што се очекува да ги покаже сите свои квалитети и потенцијал како тренер“, се наведува во соопштението на Црвена Звезда.

Во стручниот штаб на првиот тренер на Владо Јовановиќ се Марко Симоновиќ како прв асистент, и Миодраг Диниќ, додека јавноста благовремено ќе биде информирана за дополнителните членови на стручниот штаб на клупата на нашиот клуб. Небојша Илиќ од следната сезона ќе биде генерален директор на првиот тим на Црвена звезда.

https://twitter.com/kkcrvenazvezda/status/1545413266515656704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545413266515656704%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.net%2Fvest%2Fkosarka%2Fdobro-poznato-lice-na-malom-kalemegdanu-zvezda-dobila-novog-trenera-470127