Партизан се коцкаше, ама не беше казнет од Монако во трилер завршница во Белград. Белградските црно-бели ја остварија втората победа во низа откако по голема драма го совладаа Монако со 89-85 по продолжение.
Во финишот од основниот дел Партизан имаше предност прво од четири, потоа и од три поени разлика на десетина секунди пред крајот, но не ја сочува. Мајк Џејмс можеше да биде херој на францускиот првак затоа што прво погоди тројка за -1 (69-70), а потоа и за израмнување на секунда пред крајот.
Партизан при водство од 72-69 не направи лична грешка, туку одлучи да се коцка и да го брани нападот на Монако, па Џејмс го искористи тоа и од исклучително тешка позиција погоди тројка за продолжение.
Сепак, во дополнителните пет минути до израз дојде одличниот напад на Партизан, Пантер беше расположен за игра и „црно-белите“ ја остварија посакуваната победа. Пантер заврши како прв стрелец со 25 поени, Нанали додаде 23, а Доузер 16. Кај Монако, Мотиејунас постигна 23 поени.
Реал Мадрид оствари гостинска победа над Олимпијакос со 77:71 во репризата на минатогодишното финале во Евролигата. „Кралевите“ одново се покажаа подобри, се снајдоа кога беше најпотребно и сега имаат учинок 11-1.
Балканската комбинација Муса-Хезоња беше во прв план, првиот уфрли 23, вториот 18 кошеви. Вокап немаше соодветна поддршка од соиграчите и беше далеку најдобар поединец кај домаќините со 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.
Останати резултати: Анадолу Ефес-Панатинаикос 71:68, Алба Берлин-Жалгирис 64:62, Баерн Минхен-Милано 91:84.
РЕЗУЛТАТИ
Олимпијакос – Реал 71-77
Баерн – Монако 91-84
Партизан – Монако 89-85