Репрезентацијата на Турција ја надигра селекцијата на Белгија со резултат 78:63 и дојде до првото место во групата А на Европското првенство во Тбилиси.
Турците сега имаат скор 3-1, но во последното коло играат против Шпанија која Белгија ја совлада. „Ѓаволите“ моментално се на 2-2 и во последното коло ќе бидат фаворити против слабата Бугарија.
Така, на крајот лесно би можеле да се создаде круг меѓу Шпанија, Турција, Белгија и Црна Гора, па ќе биде многу интересно како ќе се развива ситуацијата, особено што оваа група се вкрстува со „групата на смртта“ каде ќе има позициите ќе се решаваат помеѓу дури пет селекции.
Турците го отворија натпреварот со серија од 11:2, бидејќи шутот воопшто не им одеше на Белгијците, а разликата до крајот на првиот дел се искачи на 20:6.
Белгијците ја намалија таа разлика до крајот на полувремето, но новото фантастично отворање на Турција во третиот дел придонесе мечот да се реши многу пред крајот.
До крајот и двете екипи играа максимално, бидејќи потенцијално секој кош е битен, а разликата на крајот беше +15.
Најефикасен на средбата беше Алперен Шенгун со 24 поени, осум скока и шест асистенции, додека Фуркан Коркмаз постигна 15 поени.
Во поразениот тим потфрлија носителите на играта, а единствен двоцифрен беше Харис Братановиќ со 14 поени и пет фатени топки.