Лука Дончиќ даде кош со удар во семафорот и одбивање на топката од паркет (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец е познат по тоа што со леснотија постигнува кошеви од различни позиции и од неверојатни ситуации, а сега успеа да ја помести границата на „лудоста“

 

Дончиќ на тренинг неодамна постигна кош откако топката прво удри во семафорот на врвот на центарот на Американ Ерлајнс, а пред дуелот со „ракетите“ отиде чекор понатаму. Повторно семафорот беше „асистент“, но овој пат топката удри во паркетот пред да помине низ обрачот. Дури и соиграчите на Лука останаа зачудени.