Торински Јувентус стави крај на серијата без победи во Серија А, откако по два порази и два нерешени дуели, триумфираа и тоа во пресметка на домашен терен против Фиорентина (1-0).
Стрелец на победничкиот гол беше Гати уште во 21. минута, додека десетина минути подоцна тимот од Торино уште еднаш ја затресе противничката мрежа, но голот на Душан Влаховиќ беше поништен поради офсајд. Бјанконерите потоа се повлекоа, па Фиорентина загуби натпревар во кој имаше неверојатни 75-отсто од поседот на топката, од кои дури 84-отсто беше во второто полувреме.
Јувентус со овој успех остана на третата позиција на табелата со шест бодови помалку од второпласираниот Милан.