ВАР-технологијата им поништи два гола на „сините“, и тоа најпрво на Рис Џејмс поради офсајд, а потоа и на Каи Хаверц кој играше со рака во второто полувреме.
Ливерпул имаше неколку шанси кон голот на Кепа Аризбалага, но шпанскиот чувар на мрежата остана на висина на задачата.
Челси по ремито останува на 11. место со 39 бодови, додека Ливерпул има 43 бода на осмата позиција во Премиерлигата.