Следните два месеци ќе се решава која од овие три селекции ќе освои една директна виза за пласман на Еуро 2024, зашто Англија со 13 бода, шест повеќе од директните ривали веќе со една нога е пласирана на континенталниот шампионат. Македонија во октомври ѝ гостува на Украина во Прага во првиот од трите пеколни меча за нас, а во ноември нѐ чекаат гостувања во Рим кај Италија и домашен меч со Англичаните, додека Италија има до крајот освен меч со нас, уште по еден со Украинците, Англичаните и Малтежаните. Украина, пак, освен мечот во октомври со нас, ја чекаат и пресметки со Италија и Малта, па сѐ ќе биде отворено во оваа битка во најтешката група во овие евроквалификации.
После киксот во Скопје, Италија одговори на најдобар начин а Фратези даде два гола во првиот дел, во 12-та минута за водство, а во 29-та минута ја дуплира предноста. Украина преку Андриј Јармоленко минута пред паузата намали, но Украинците во вториот дел не успеаа да се изборат за нов бод, после тој со Англија пред три дена кога ремизираа 1-1 во Вроцлав..
Италија со Македонија, имаат по седум бодови во групата.
Белгија ја декласира Естонија со 5-0, со головите на Фертонген, Тросар, Де Кеталаре и двапати Лукаку.
Шпанија немаше милост и против Кипар, славеше со 6-0. Гави и Мерино донесоа предност, а во второто полувреме двапати погоди Феран Торес, како и Хоселу и Баена.
Халанд и Одегард донесоа триумф од 2-1 за Норвешка против Грузија, а Австрија на гости ја победи Шведска со 1-3. Два гола даде Марко Арнаутович, а серијата ја отвори Грегорич.