Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски вечерва и официјално станаа хрватски шампиони со својот клуб Динамо Загреб.
„Сините“ победија на гостувањето кај Шибеник со 2:0 и на тој начин го потврдија новиот трофеј на едно коло до крајот на првенството.
Толиќ и Бочкај постигнаа по еден гол во двете полувремиња за сигурна победа на Динамо, а Адеми и Ристовски беа стартери и одиграа цел натпревар за Динамо.
Динамо со денешниот триумф има четири бода повеќе од големиот ривал Хајдук и избегна сценарио според кое ќе ги дочекаше сплитските „били“ со бод предност и непотврдена титула во последната рунда.