Шампионот во Ла Лига е познат уште од пред две недели, па претпоследното коло не донесе премногу возбудувања.

Кадиз одигра 1-1 против новиот шампион Реал Мадрид. На домашниот тим бодовите му беа и тоа како потребни во борбата за опстанок, но не можеше да слави ниту против „шарениот“ состав на „кралевите“. Алваро Негредо е трагичар, бидејќи не реализираше пенал во 61.минута со кој можеше на својот тим да му донесе водство од 2-1. Претходно Маријано Дијаз уште во 5.минута им донесе водство на гостите од Мадрид, а Рубен Собрино израмни на 1-1 во 37.минута.

 

Барселона одигра без голови на гостувањето кај Хетафе, а немаше победник ниту на дербито помеѓу Атлетико Мадрид и Севилја. Хозе Марија Хименез ги доведе домашните во водство во 30.минута, а Јусен ел Незири на пет минути до крајот донесе бод за гостите од Андалузија.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Атлетик – Осасуна 2-0
Бетис – Гранада 2-0
Селта – Елче 1-0
Леванте – Алавес 3-1
Мајорка – Рајо 2-1
Вилјареал – Реал Сосиедад 1-2