Во вториот натпревар од полуфиналето на плејофот на АБА лигата во Подгорица, кошаркарите на Будуќност го совладаа Партизан со 72:71.
Владимир Мицов со тројка ја донесе победата на Будуќност која ја постигна во самата завршница од натпреварот.
Подгорица имаше предност во текот на целиот натпревар, но Партизан успеа да ја намали разликата во последната четвртина, па дури и да стигне до предност.
Фантастичниот Зек Ледеј го режираше пресвртот на црно-белите, а по поените на Јан Мадар од тешка позиција за 69:71 се чинеше дека избраниците на Жељко Обрадовиќ се многу блиску до победа и пласман во финалето.
Сепак, искусниот, триесет и осумгодишниот Мицов упати тројка, по што следеше големо славје на домашните навивачи, но и на кошаркарите на Будуќност.