АБА шампионот Партизан ја оствари третата победа во Евролигата откако на домашен терен го совлада Фенербахче со 85-84.

Дуелот го одбележа големиот пресврт на „црно-белите“ кои одиграа очајно прво и одлично второ полувреме. Во првото, Партизан тотално затаи во одбраната и му дозволи на противникот да постигне дури 56 поени. На Фенербахче одлично му функционираше шутот од далечина, постигна девет тројки од 19 шута и на пауза замина со предност од девет разлика.

Највисоката предност изнесуваше 15 поени (54-39), а во третата четвртина турскиот тим имаше +14 (63-49). И тоа не му беше доволно да дојде до победата бидејќи Партизан постепено ја намалуваше негативата за кон средината на последниот квартал прво израмни, а потоа и дојде во водство со 79-78. Во драматичниот финиш трагичар беше Јам Мадар, на големо задоволство на домашните навивачи бидејќи израелскиот кошаркар при водство на Партизан од еден разлика, промаши од чиста позиција за два поена. Неговата улога можеше да ја преземе Камински кој на пет секунди пред крајот, при резултат 85-84 испушти топка од раце под кошот, но Фенербахче не го казни тоа.

Во второто полувреме, Фенербахче погоди само две тројки и постигна едвај 28 поени, само еден повеќе отколку во првата четвртина. За турскиот тим ова беше прв пораз по серијата од четири победи.

https://twitter.com/i/status/1722701549908922799
https://twitter.com/i/status/1722717267824103858

Резултати: Олимпијакос – Басконија 74:75, Анадолу Ефес – Жалгирис 86:82 по продолжение, Макаби ТА – Баерн Минхен 93:90, Милано – Валенсија 83:52, Партизан – Фенербахче 85:84, Реал Мадрид – Виртус 100:74.