Кошаркарската sвезда на Денвер Нагетс, србинот Никола Јокиќ не се најде во најдобрата петорка на сезоната во НБА лигата.
Со оглед на тоа што Џоел Ембид неодамна беше прогласен за МВП, токму Камерунецот ја зазема позицијата центар во првата „петорка“ во лигата заедно со Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Шај Гилџус Александер од Оклахома и асот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум.

Во претходните две сезони кога Јокиќ беше избиран за најкорисен играч, Ембид паѓаше во втората петорка, па сега имаме обратна ситуација, поточно Србинот е во вториот најдобар тим за актуелнава сезона.

Од наредната година Ол-стар тимот нема да се избира по позиција, односно нема автоматски да се случува тоа што изминативе години им се правеше на Никола Јокиќ и Џоел Ембид.

Во втората петорка освен ѕвездата на Денвер се и Стеф Кари, Џими Батлер, Донован Мичел и Џејлен Браун. Третиот состав пак ги има Леброн Џејмс, Ди Арон Фокс, Демиан Лилард, Џулиус Рендл и Литванецот Домантас Сабонис.

https://twitter.com/NBAPR/status/1656434806740090882?s=20