Хрватскиот ветеран Лука Модриќ успеа да се врати навреме за првото полуфинале против Манчестер Сити во ЛШ, откако имаше успешен третман во Белград и се врати многу побрзо од очекуваното.
Првичните прогнози беа дека Хрватот со сигурност ќе го пропушти првиот меч со „граѓаните“, но Лука уште еднаш покажа максимална посветеност на 37-годишна возраст, бидејќи не само што се врати, туку беше и еден од најдобрите на теренот.
Лука ја започна акцијата и покажа фантастична техника во двојното проигрување со Камавинга кое заврши со гол на Винисиус Жуниор, но покрај ова, фудбалските фанови посебно споделуваат еден момент од средината на теренот.
Модриќ важи за вистински фудбалски „доктор“ во ред за врска, пред се поради техниката и визијата кои ги поседува, но и поради смиреноста во клучни моменти.
Хрватот вчера имаше еден неверојатен прием на една тешка топка и буквално ја „залепи“ за својата нога, а овој негов потег ги воодушеви коментаторите и на големо се шири на социјалните мрежи.
https://twitter.com/ifektive/status/1656043997356277762?s=20