Актуелниот шампион во НБ лига, Голден стејт вориорс го победи Лос Анџелес лејкерс со 121-106 и намали на 2-3 во нивното западно полуфинале, а за шести меч на гостински терен се избори и Њујорк никс против Мајами хит откако доцна синоќа победи со 112-103 и намали на 2-3 во полуфиналето на Истокот од НБА-лигата.
Актуелниот првак предводен од Кари, Вигинс и Грин излезе на крај со Езерџиите, а дополнителен проблем за тимот од Ел Еј беше што во средина на последната четвртина се повреди Ентони Дејвис и центарот во инвалидска количка беше однесен во соблекувална. Станува збор за повреда на окото, но не е исклучено Веѓата да заигра уште на шестиот меч.
Џејлен Брансон со 38 поени беше лидер на Никс во триумфот над Жешките од Мајами, па серијата пак се враќа на Флорида.
Ова е акцијата во која се повреди Дејвис: