Вчера го најавија фудбалерите на Ајнтрахт Франфурт и Баерн Минхен со седумте гола на отворањето на новата сезона, го продолжуваат попладнево и нивните колеги од десетте екипи кои се појавија на пет терени и кои заедно постигнаа уште – 19 погодоци.

Само на дуелот помеѓу Бохум и Мајнц (1-2) беа реализирани три гола, додека на останатите четири паднаа по исто толку погодоци. Фрајбург покажа моќ на гостувањето кај Аугсбург победувајќи со 4-0, додека на два меча домаќините дојдоа до идентични победи. Борусија Менхенгладбах беше подобра од Хофенхајм со 3-1, а со истиот резултат Унион Берлин ја совлада Херта. Волсфбург, пак, на домашен терен одигра само нерешено против повратникот во германската елита, Вердер Бремен (2-2).

 

Вечерва се игра уште еден меч на кој се очекува голеада и тоа дербито на колото помеѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверузен (18.30 часот).