Хосе Мигел Поланко е Аргентинец кој од 2002 година не пропушта ниедно Светско првенство, откако во Јапонија и Јужна Кореја зачекори како навивач за поддршката за „гаучосите“ на осум години и сега се прослави како – Нострадамус.
Аргентина дури 36 години, уште од Мексико во 1986 година чекаше на светска титула, некој да го достигне големиот Диего Марадона и тоа успеа вечерва да го направи Лионел Меси. На својот петти Мундијал, последен за него во кариерата, Меси стигна до највредниот пехар за Аргентина да експлодира од радост.
А, Поланко една година после трагичниот пораз во финалето на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, кога Аргентина со Меси загуби од Германија со 0-1 по продолженија, предвиде како Нострадамус дека „гаучосите“ ќе ја освојат светската титула на 18 декември 2022 година!
И после седум години од неговото пророштво, кое како „пин твит“ стои на твитер профилот, се стана вистина.