Јокиќ е кошаркарскиот Меси – со монструозен трипл-дабл до место во историјата (ВИДЕО)Тоа што е Лионел Меси во фудбалот, тоа во кошарката, барем во моментов, дефинитивно е Никола Јокиќ, кој со монструозна трипл-дабл партија ја потесети јавноста дека покрај Аргентинецот има и други виртуози на спортските терени.

Како освен со зборот магија да се опише играта на Србинот во синоќешната победа на Денвер нагетс против Шарлот хорнетс (119-115), во која имаше учинок од 40 поени, неверојатни 27 скока и 10 асистенции. Со ова, тој влезе во историјата на НБА како трет кошаркар кој остварил двоцифрен учинок во три статистички категории, а при тоа имал најмалку 35 поени и 25 скока.

 

Тоа претходно им успеало само на Вилт Чембрлен и на Елџин Бејлор и тоа кога се играло многу поинаква кошарка, а последен пат се случило во далечната 1968 година.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон-Орландо 92-95, Индијана -Њујорк 106-109, Детроит-Бруклин 121-124, Торонто-Голден Стејт 110-126, Минесота-Чикаго 150-126, ЛА Лејкерс-Вашингтон 119-117.