Англискиот гигант Челзи промашуваше, па загуби во Дортмунд од Борусија со 0-1 во првиот меч од осминафиналната рунда во ЛШ, додека португалска Бенфика направи голем чекор кон четвртфиналето со сигурна победа од 2-0 на гости кај Бриж.

Младата ѕвезда на германскиот вицепрвак Карим Адејеми со фантастична контра после корнер на Челси, претрчувајќи повеќе од 70 метри, успеа да го надмудри најскапиот премиерлигашки фудбалер Енцо Фернандез и голманот Кепа Аризабалага и постигна гол во 62-та минута за предност на Борусија пред реваншот во Лондон на 7 март.

Челси неколку извонредни шанси за да се спаси од пораз. Жоао Феликс со три од кои две извонредни во првиот дел и еден погоден дирек, а еднаш „милионерите“ спасуваа на гол-линијата по удар на Калиду Кулибали и одбраната на Грегор Кобел, спаси чист гол Емре Џан. Голманот Кобел беше несовладливк, сѐ што шутнаа во неговиот гол успеа одбрани, па и завршниот одличен шут на Фернандез во 94-та минута од мечот.

Бенфика направи огромен чекор кон осминафиналето после победата со 2-0 на гости кај Бриж. Триумфот го оствари во второто полувреме, па само чудо сега може да ги спречи „орлите“ да извисат за место меѓу најдобрите осум.

Жоао Марио шест минути во вториот дел од пенал донесе водство и ја најави победата, а Давид Нерес две минути пред крајот стави точка на големата победа на Бенфика кај белгискиот првак.