Фудбалерите на Реал Мадрид на свој терен го победија тимот на Елче со 4:0, во одложениот натпревар од 21. коло на шпанската Примера.
Марко Асенсио го доведе Реал во водство во осмата минута, Карим Бензема во 31. минута од пенал зголеми на 2:0, а истиот играч повторно беше сигурен од белата точка во првата минута од судиското надополнување за голема предност на Реал на полувремето.
Конечниот резултат го постави Лука Модриќ со гол во 80. минута.
Реал ја забележа 15-та победа од почетокот на сезоната и е втор на табелата со 48 бодови, односно осум бода помалку од првопласираната Барселона. Од друга страна, Елче е последен со само девет освоени бода.
Фудбалерите на Реал во следното коло од Примера ќе и гостуваат на Осасуна, додека Елче ќе го пречека Еспањол.