Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов блеска во првенството на Унгарија. Тој повторно се најде меѓу најдобрите единаесетмина во колото што заврши изминатиот викенд.

Серафимов беше еден од најдобрите играчи на Залаегерсег на гостувањето (0-0) против Дебрецин. Како награда за одличното издание тој е избран во тимот на колото во Унгарија.