Французинот Мишел Олис имаше сензационално затворање на минатата натпреварувачка сезона и тоа му овозможи да направи голем трансфер ова лето, а најбрзо реагираше Баерн Минхен кој експресно ги обезбеди неговите услуги.
Крилниот напаѓач блескаше минатата сезона во дресот на Кристал Палас и посебно ги запали фановите со изданието против Манчестер Јунајтед, претстава со која го фрли во очај и легендарниот Касемиро.
Бразилецот на моменти изгледаше смешно во дуелите со француското крило, а посебно вирален стана еден момент, кој сега доби и свое продолжение.
Олис со голема леснотија го испрати Касемиро на земја, но сега споменатиот дриблинг доби нова варијанта поради видеото кое се појави на социјалните мрежи.
Дадениот момент е прикажан и од камерата на главниот судија Џаред Жиле, кој навистина имал одличен преглед на се она што се случувало на теренот.
https://twitter.com/i/status/1826585577581326529
https://twitter.com/i/status/1787572260666044534